Несреќен пенал-рулет: Шкендија елиминирана од АИК во Конференциската лига (ВИДЕО)

Шкендија во 3. квалификациско коло за УЕФА Конференциската ги заврши своите летни европски настапи, откако дури по пенал-рулетот е елиминирана од шведски АИК. „Црвено-црните“ загубија од Швеѓаните со 2-3 во пенал-рулетот, откако претходно во регуларниот дел и по двете продолженија натпреварот на арената „Тодор Проески“ во Скопје заврши со идентични (1-1), како на првиот натпревар во Стокхолм.

За Шкендија во пенал-рулетот погодија, за жал, само Стојановски и Цаке, а промашија Дита во втората серија, Дориев во третата серија и капитенот Ферхан Хасани во последната петта серија.

Претходно, натпреварот во регуларниот дел и по двете продолженија од по 15 минути заврши со идентични 1-1 како од Стокхолм.

Во 22. минута капитенот Ферхан Хасани од пенал реализираше за водство од 1-0, откако претходно Сичење направи прекршок во шеснаесетникот над Шаља.

АИК успеа да се врати во игра со надеж за останување на европската сцена, израмнувајќи го резултатот во 56. минута од второто полувреме. Кикс на голманот на Шкендија, Костадин Захов кој по едно нафрлување од десната страна дозволи да му отпадне топката од рацете, па Ајари беше присебен израмнувајќи на 1-1.

Во двете продолженија Шкендија беше подобар противник од шведскиот тим, но не успеа да реализира за победа.

Се вчитува...