Несреќен пораз на Струмица против хрватска Мурса

Одбојкарскиот шампион на Македонија Струмица доживеа пораз од 3-2 (22-25, 25-23, 12-25, 25-22 и 16-18) во првиот натпревар од 1. коло во ЦЕВ купот.

Гостите од Хрватска подобро го отворија натпреварот па поведоа со 1-0 добивајќи го првиот сет со 25-22. Струмичани возвратија во вториот сет и брзо стигнаа до израмнување на 1-1 (25-23). Хрватите убедливо го освоија третиот сет (25-12) и поведоа со 2-1, по што следеше нов одговор од домаќините кои ја добија четвртата игра со (25-22) и го одведоа мечот во решавачкиот тај-брејк.

Таму македонскиот шампион иако имаше предност од 12-9, доживеа голем пад во финишот, а гостите го добија тај-брејкот со 16-18 и стигнаа до конечен триумф од 3-2 во сетови.

Реваншот кој ќе се игра во Хрватска е закажан за следната среда.

Се вчитува...