Нестор беше стартер, Алекс влезе, ама Палермо загуби дома

Палермо падна од првата на петтата позиција во Серија Б, откако вечерва загуби на домашен терен од Цитадела со убедливи 0-3. Не помогнаа ниту македонските репртезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Нестор – гол беше стартер во тимот на Палермо, Алекс Трајковски влезе во игра во вториот дел, но Палермо не успеа да ја затресе противничката мрежа на овој меч. Гостите беа многу подобри и постигнаа дури три гола, за освојување на трите бода. Куаме, Стрицоло и Салви беа стрелците на погодоците за составот на Цитадела.

Се вчитува...