Нестор-гол даде нов гол и го врати Палермо на првото место во Серија Б

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски беше стрелец на нов гол за својот тим Палермо во триумфот (1-3) на гости против Авелино. Тој стрелаше во 77.минута за да ја потврди победата на сицилијанскиот тим, а Палермо повторно се искачи на врвот на табелата во Серија Б.

По 16 одиграни натпревари, Палермо има 28 бода, додека Бари е второпласиран на табелата со 26 бода, но утре ќе го одигра својот меч против Фоџа од ова коло.

Се вчитува...