Нестор-гол не застанува: Супер гол за водство на Палермо… (видео)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски продолжува со головите во дресот на Палермо. И трет едноподруго натпревар, Несторовски е стрелец за Палермо, овој пат на гостувањето против Пескара во 13. коло од Втората италијанска лига.

Несторовски во 33. минута извонредно стрелаше за водство на Палермо од 1-2…

Ова е деветти гол сезонава за македонскиот офанзивец со кој се проби на второто место на листата на најдобрите стрелци во Серија Б.

Се вчитува...