Нестор-гол немилосрден: И втор гол во мрежата на Карпи… (видео)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски се чини сам веќе носи победа за Палермо на гостувањето против Карпи во 11. коло од Серија Б.

Несторовски во 36. минута го постигна и вториот гол на мечот за водство од 0-2 на Палермо, а вкупно негов шестти сезонава во Втората италијанска лига. Овој пат мајсторски стрелаше од 15 метри и со помош на еден од дефанзивците на домашните го лобуваше Коломби.

Претходно, во 10. минута резултатот го отвори Несторовски кој одлично се снајде по центаршут од десната страна…

Се вчитува...