Несторовски донесе триумф за Палермо

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски беше стрелец на победничкиот погодок за Палермо во триумфот (1-0) против Кротоне во Серија Б. Нестор – гол ја затресе противничката мрежа на Кротоне во 86.минута од мечот и донесе значајни три бода за Палермо во трката за враќање во елитата на Италија.

Александар Трајковски исто така беше стартер на овој натпревар и играше до 76.минута, кога на негово место во игра влезе Цезар Фалети.

Се вчитува...