Несторовски: Не се важни моите голови, горд сум на карактерот на овој тим на Палермо!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е лидерот во тимот на Палермо кој силно граби на патот за враќање во Серија А.

Несторовски вчера го постигна и десеттиот свој гол сезонава, овој пат партиципирајќи во триумфот од 1-3 на гостувањето против Авелино. Но, капитенот на Палермо скромно ниту најмалку не сака сите пофалби да ги „товари“ на својот грб потенцирајќи дека заслугата за вчерашниот триумф е на целиот тим кој покажал силен карактер…

„Ако го оставиме на страна резултатот, кој секако и тоа како е значаен, јас пред се сакам да го нагласам карактерот кој го покажува овој тим на Палермо. Не е важен поединецот, не се важни и моите голови, најважен е тимот кој мора да биде во преден план… Горд сум на лицето кое го демонстриравме веднаш по оној претходен пораз. Само оние кои знаат која е нивната цел, кои знаат како да чекорат на патот до успехот успеваат веднаш да се подигнат по пораз и да продолжат со своите амбиции. Палермо успева во тоа“ – вели голгетерот на сицилијанскиот тим.

Се вчитува...