Несторовски: Пресреќен сум… Сакам Палермо да го вратиме во Серија А!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не го крие задоволството од продолжувањето на договорот со актуелниот свој клуб, италијанскиот Палермо.

Утрово Палермо и официјално објави дека е постигнат договор меѓу двете страни за продолжување на соработката до јуни 2021 година…

„Среќен сум и задоволен по продолжувањето на мојот договор со клубот кој ми даде огромна шанса кога ми беше најпотребно, кој ми донесе голема фудбалска самодоверба, кој ми овозможи да играм во Серија А и ми даде таква чест да бидам капитен на тимот. Му благодарам на Маурицио Зампарини и на комплетното раководство и, како што секогаш нагласувам, со овој мој чин сакам уште еднаш да докажам дека цврсто стојам на определбата да помогнам да го вратиме Палермо таму каде што заслужува – во Серија А“ – вели Несторовски веднаш по потпишувањето на новиот договор со клубот во кој ги доживува најславните свои фудбалски денови.

 

Се вчитува...