Несторовски стрелаше, Палермо убедливо победи

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски се запиша во листата на стрелците на вечерашниот меч од Серија Б и покажа дека полека го надминува кризниот голгетерски период. Тој беше стрелец на погодок за Палермо во триумфот (0-3) на гости против Карпи.

Нестор-гол ја потврди победата на Палермо во 74.минута, а претходно стрелаа и Фалети и Јајало. Александар Трајковски не настапи на овој меч поради црвениот картон што го заработи на минатиот првенствен дуел.

Се вчитува...