Несторовски во одлична форма: Два гола и против Ентела… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски продолжува со гол-серијата во дресот на италијанскиот второлигаш Палермо.

Во 12. коло од Серија Б, Палермо во моментов, по 60 минути игра, води со 2-0 против Виртус Ентела и тоа со двата погодоци на Несторовски, кој најпрво стрелаше од пенал во 23. минута…

А, потоа во 48. минута и вторпат погоди за водство од 2-0 на Палермо, овој пат со вистински еврогол директно од слободен удар…

Со најновите два погодоци, вкупно 8 сезонава, Несторовски се искачи на втората позиција на најдобрите стрелци во Серија Б.

Се вчитува...