Реал Мадрид е последниот патник во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва во трилер меч по изведување на пенали славеше над Атлетико Мадрид со 2-4.
Домаќините стигнаа до сензационално водство по само 27 секунди, откако Галагер го матираше голманот на гостите Тибо Куртоа за 1-0. Немаше поголеми возбудувања на натпреварот се до 70. минута кога Ленгле стартуваше над Килијан Мбапе по што главниот судија на мечот, Марчинијак досуди пенал за „кралевите“.
Одговорноста ја презема Винициус Жуниор кој се посрамоти за сите пари и ја испрати топката далеку над голот на Јан Облак. До крајот на регуларниот дел мируваа мрежите, па натпреварот замина во продолженија два пати по 15 минути.
Во продолженијата мируваа мрежите, па судбината одлучи последниот четвртфиналист да го добиеме по изведување на пенали. Таму, во втората серија иако Алварез постигна гол, по прегледување на снимката се докажа дека двапати играл со топката па голот беше поништен. Во четвртата серија не реализираше пенал и Васкез, но на ист начин возврати и Љоренте, па по четири серии „кралевите“ имаа предност од 2-3. Ридигер беше сигурен во последната серија за победа на Реал Мадрид од 2-4.
Atletico Madrid Vs Real Madrid – Penalty Shootout
byu/slimcase121 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА