Неверојатнa одлука на УЕФА – Анчелоти повторно мора да полага за тренерска лиценца

Карло Анчелоти е еден од најтрофејните и најуспешните тренери во европскиот фудбал, но УЕФА го тера повторно да полага за тренерска лиценца.

Актуелниот тренер на Реал Мадрид добил писмо од УЕФА дека неговата тренерска лиценца истекла на 31 декември 2021 година. Тој ќе мора повторно да полага за да продолжи да ги води „кралевите“ во Ла Лига, но и во натпреварите од Лигата на шампиони. За целокупната ситуација известени се и челниците на Ла Лига, кои го контактирале Анчелоти, известувајќи го дека ќе мора да мине и часови на УЕФА семинар пред да го полага новиот тренерски испит.

Карло Анчелоти (62) во својата кариера ги тренираше Парма, Јувентус, Милан, ПСЖ, Челси, Баерн Минхен и Наполи и притоа освои 21 трофеј, но повторно мора да ги докажува своите квалитети на испит на УЕФА.

Се вчитува...