Неверојатна партија на „Кралот“: Постигна половина од поените на Кливленд за израмнување против Индијана!

Повеќе од интересни мечеви синоќа во плеј-офот од НБА лигата. Феноменална партија одигра Леброн Џејмс носејќи израмнување за Кливленд на 1-1 во серијата против Индијана. Јута направи брејк против Оклахома, а Хјустон повторно беше сигурен на домашен терен против Минесота.

Кливленд по шокантниот пораз во првиот меч успеа сега да слави против Индијана со 100-97. Домашните по само неколку минути од мечот имаа предност од 22-4, но потоа гостите се вратија на минус од само четири (39-35). Се играше во постојано активен ритам, но Кавси не успеваа нешто позабележително да се одлепат за да сепак до крајот соочуваат каква-таква предност за триумф.

До победата ги водеше неверојатниот Леброн Џејмс кој постигна дури 46 поени (безмалку половина од вкупниот број поени на својот тим), дополнети и со 12 скока. Кај Индијана, Оладипо имаше 22 поени, а Тарнер – 18 поени.

Јута направи брејк против Оклахома славејќи победа од 102-95. Гостите имаа заостанување од 10 поени на крајот од третиот период, но на крајот успеаја да стигнат до триумф. До победата ги водеше Мичел со 28 поени, а Рубио дополни со 22 поени и 9 асистенции. Тројката на Оклахома не беше претерано расположена, па Вестбрук постигна 19 поени, Џорџ – 18 поени а Ентони – 17 поени.

Во третиот синоќешен натпревар, Хјустон без поголеми проблеми славеше против Минесота со 102-82. Домашните сега водат 2-0 во серијата, а до новата победа ги водеше Крис Пол со 27 поени, додека Грин имаше 21 поен. Џејмс Харден ја имаше можеби најлошата ноќ сезонава постигнувајќи само 12 поени, со шут од игра (2 од 18).

Се вчитува...