Абдул Абдул Малик (23) е најбараниот фудбалер од петтата лига во Англија во последните денови. Иако играчот нема официјална пазарна вредност, за неговите услуги веќе пристигнуваат милионски понуди, но неговиот клуб Борем Вуд засега ги одбива.
Младиот крилен напаѓач имаше фантастична сезона зад себе, откако постигна 17 голови и запиша 10 асистенции на 54 натпревари во сите натпреварувања. Неговите одлични настапи не останаа незабележани, а интересот за него сè повеќе расте.
Борем Вуд неодамна одби сериозна понуда од шведскиот прволигаш Ѓургарден вредна еден милион фунти, односно околу 1,2 милиони евра. Тоа била втора, подобрена понуда, откако претходно англискиот клуб одбил и понуда од 750.000 фунти (околу 875.000 евра).
Абдул Малик, кој најчесто игра на позицијата лево крило, беше еден од клучните играчи во тимот кој стигна до финалето на плеј-офот за пласман во четвртата лига. На „Вембли“, Борем Вуд загуби од Рочдејл по изведување пенали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
