Неверојатни сцени од Јапонија: Дури девет промашени пенали во Супер-купот (ВИДЕО)

Неверојатни сцени од јапонскиот Супер-куп. На натпреварот меѓу Висел Кобе и Јокохама Маринос по регуларните 3-3 се премина на изведувањето пенали.

И откако заврши серијата од по пет пенали, двете екипи мораа да шутираат уште по две серии за да стигнат до конечен резултат од 3-2 за Висел Кобе. Па, од вкупно 14 пенали на двете страни успеаја да промашат дури девет.

Откако голови постигнаа Тиаго Мартинс (1-0), Андрес Иниеста(1-1), Такахира Огихара (2-1) и Јунуа Танака (2-2), двата тима ги промашија следните девет пенал а погоди на крајот Јамагучи за 3-2 победа на Висел Кобе.

Видеото од пенал-серијата може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...