Неверојатниот Дончиќ броеше до 49, одлична напаѓачка вечер на Мајами

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа првата победа во НБА лигата триумфирајќи со убедливи 128-110 над Минесота благодарение на неверојатниот Лука Дончиќ.

Словенечкиот кошаркар беше блиску до нов трипл-дабл учинок бележејќи 49 поени, 11 скокови и осум асистенции. Едварс со 31 поен и пет асистенции беше лидер на Минесота.

Најрасположени за игра минатата вечер беа кошаркарите на Мајами кои славеаа со 114-146 на гостувањето кај Мемфис.

Одлична вечер имаше и српскиот кошаркар Никола Јовиќ кој постигна 20 поени и шест скокови.

Во останатите натпревари:

Торонто – Милвоки 116-122
Орландо – Атланта 107-111
Бруклин – Кливленд 124-131
Њујорк – Бостон 105-95
Хјустон – Детроит 111-115
Њу Орлеанс – Сан Антонио 116-120
Далас – Вашингтон 107-117
Портланд – Голен Стејт 139-119
Сакраменто – Јута 105-104
ЛА Клиперс – Феникс 129-102

Се вчитува...