Неверојатниот Митревски му ја донесе првата победа на Порто во ЛШ

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Никола Митревски со неверојатна партија на голот му ја донесе првата победа на неговиот Порто сезонава во Лигата на шампионите, откако Португалците во 11. коло славеа на домашен терен против романски Динамо Букурешт со 32-23.

Уште од самиот старт на натпреварот Митревски беше феноменален на голот на својот тим и со голем број интервенции, од кои три се за хајлатси беше клучен за водство на неговиот тим од плус еден 14-13.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на македонскиот голман меѓу стативите која неговите соиграчи ја искористија на најдобар можен начин за деби триумф во елитата сезонава. Македонскиот голман натпреварот го заврши со единаесет одбрани и беше најзаслужен за победата на својот тим.

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...