ФИФА го навлече бесот со одлуката суспензијата на американскиот голгетер Балогун да биде заменета со условна казна, со што се овозможи овој фудблер да настапи на вечерашниот дуел од осминафиналето на СП 2026 против Белгија.
И додека користењето на „членот 27“ од правилникот е преседан во мундијалската историја, мора да се напомене дека истиот беше искористен минатата година – и тоа во корист на Кристијано Роналдо.
Дали се сеќавате кога Кристијано полуде н мечот со Република Ирска, доби црвен картон, а потоа влезе и во конфликт со публиката на стадионот во Даблин.
Тогаш му беше изречена казна од три меча неиграње, што ќе значеше дека Роналдо ќе го пропушти последниот дуел од квалификациите, но и првите два натпревари од овој мундијал.
ФИФА излезе во пресрет на португалската суперѕвезда, па втората и третата средба од суспензијата беа преименувани во „условна казна од една година“, што ќе се активираат ако Роналдо направи сличен престап во наредните 12 месеци.
Очигледно, правилата не се исти за сите…. исклучок е кога црвен картон ќе добие Роналдо, или кога телефонски ќе ти се јави Доналд Трамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
