Неверојатно: Шпанецот Де Ла Фуенте освои сè што можеше да се освои, а се вработил во Федерацијата преку оглас

Селекцијата на Шпанија под водство на селекторот Луис Де ла Фуенте е страв и трепет за сите противници, „фуријата“ е актуелен европски и светски шампион, а неверојатно е како селекторот се вработил во Федерацијата.

Приказната на Де ла Фуенте со шпанската фудбалска федерација започнала пред 13 години. Имено, Луис Де ла Фуенте се вработил во Федерацијата така што се јавил ја оглас кој бил објавен во медиумите.

Тој прво работел во младите категории, потоа ги водеше репрезентациите до 19 и до 21 година со кои беше европски шампион, а потоа ја предводеше и олимписката репрезентација.

Во 2022 година по завршување на Светското првенство во Катар, Де ла Фуенте ја доби честа да биде селектор на сениорската репрезентација и тоа се покажа како полн погодок.

Прво во 2023 година триумфира во Лигата на нации, една година подоцна стана европски шампион, а изминатото лето триумфира и на Светското првенство.

Интересно е што Луис Де ла Фуенте не водел ниту еден ден сениорски фудбалски тим.

Се вчитува...