Невиден хаос во Аргентина: По инцидентот, Бока јуниорс не сака да игра (ВИДЕО)

Невиден хаос се случува во Буенос Аирес. Вистинска војна се води на „Монументал“, а големото дерби меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс е одложено за еден час. Фудбалерите на Бока јуниорс се жалат на повреди и на мачнини, откако фановите на Ривер Плата фрлија солзавец во нивниот автобус.

Претставниците на Бока јуниорс бараат од COMNEBOL нивниот лекарски тим да изврши детален преглед на сите фудбалери, да се увиди дали воопшто можат да играат фудбалски натпревар. Во спротивно, тимот ќе се повлече, а реваншот од големото финале на Копа Либертадорес нема да се одигра.

 

Се вчитува...