Невиден „кикс“ на Адријан, но Ливерпул победи на „Сент Мери“

Ливерпул ја забележа и втората победа на стартот на сезонава откако избраниците на Јирген Клоп триумфираа на „Сент Мери“ против Саутемптон со 1-2. Мечот го одбележа катастрофалната грешка на Адријан, кој буквално му подари гол на Дени Ингс, но „црвените“ сепак преживеаја и успеаја да стигнат до цел плен на оваа средба.

Во главна улога беше Садио Мане, кој во потпросечното прво полувреме на европскиот првак блесна со еврогол во самиот финиш. Потоа Сенегалецот му асистираше на Фирмино при вториот гол за Ливерпул, пред подарокот на Адријан за Ингс. Екс-голгетерот на Ливерпул потоа имаше стопроцентна шанса за 2-2, но за среќа на гостите од пет метри биеше крај дирекот.

Евертон триумфираше на дуелот со Ватфорд благодарение на голот што го постигна Бернард, а Норвич ги прокнижи првите бодови славејќи над Њукасл со 3-1. Во главна улога беше Пуки, кој реализираше хет-трик, пред гостите во финишот да постигнат почесен погодок преку Џонџо Шелви.

Резултати Англија:

Арсенал – Барнли 2-1, Астон Вила – Бурнемаут 1-2, Брајтон – Вест хем 1-1, Норвич – Њукасл 3-1, Евертон – Ватфорд 1-0, Саутемптон – Ливерпул 1-2.

Се вчитува...