Невил: Многу сум среќен што Санчез ќе си оди од Манчестер

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил е среќен што чилеанскиот репрезентативец, Алексис Санчез ќе замине од „Олд трафорд“ и ќе потпише договор со италијанскиот Интер.

„Го дочекав со раширени раце во клубот бидејќи е одличен фудбалер. Но, во Јунајтед беше вистинска катастрофа. Не знам што се случува. Можеби постојат двајца Алексис. Еден што играше за Барселона и Арсенал, а потоа некој друг што се појави во Манчестер. Мораа да се ослободат од него и навистина сум среќен што ќе си оди“, изјави Невил. 

Алексис Санчез ќе му се приклучи на Ромелу Лукаку, кој летово исто така премина во редовите на Интер.

Се вчитува...