Невил: Сити е километри далеку од Јунајтед

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фил Невил смета дека „црвените-ѓаволи“ се милји зад градскиот ривал Манчестер Сити. Сити сезонава ја одбрани титулата во Премиер-лигата, а ги освои трофеите и во ФА и Лига купот.

„Во последните пет години видовме дека тимот се тргна од филозофијата која ја негуваше. Кога ќе ги погледнете Сити, Ливерпул и Тотенхем, нивните темели се многу важни. Нема стабилност на теренот. Другите клубови имаат систем, а во Јунајтед се се менува со промената на тренерот. Тешко е да се гледа како Сити освојува се. Уште потешко е бидејќи тоа ни се првите соседи“, изјави Невил. 

Јунајтед шансата за поправен ќе ја има следната сезона, а останува да се види дали Солјскер ќе успее да скрои тим кој ќе се бори за трофеите во сите натпреварувања.

Се вчитува...