Незапирливиот Азар испиша мундијалска историја

Еден Азар директно не учествуваше во двата погодоци на својата репрезентација, но асот на Челси одигра извонреден меч во кој испиша мундијалска историја.

Имено, Азар тргна во десет дриблинзи против фудбалерите на Бразил и имаше максимален ефект, десет пати успевајќи да ги мине, а во поголемиот дел од случаевите притоа и изнудувајќи прекршок.

Со тоа, Азар стана единствен играч со стопроцентна успешност при двоцифрен број на дриблинзи на светските шампионати, откако оваа статистичка категорија почнува да се следи од 1966 година.

Се вчитува...