Винод Хосла, 71-годишен индиски технолошки инвеститор, го купи тимот на Сиетл сихокс актуелниот шампион во американски фудбал (НФЛ лига), за неверојатни 9,6 милијарди американски долари.
Продажбата е договорена, но се уште не е одобрена. Две третини од тимовите во НФЛ мора да се согласат со договорот, а можност за тоа ќе имаат на гласањето на 26 август.
Пред повеќе од 30 години, сопственик на НФЛ тимот од Сиетл стана Пол Ален, односно неговото семејство, а по неговата смрт, сопственоста премина кај неговата сестра Џоди, која одлучи да го стави клубот на продажба во февруари оваа година, кога тимот ја освои шампионската титула.
Семејството Ален го купи клубот за 194 милиони американски долари, а сега го продава за 9,6 милијарди. Истовремено, продажбата на „Сихокс“ стана втората најголема продажба во историјата на спортот, веднаш по минатогодишната продажба на НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс за 10 милијарди американски долари.
Актуелниот рекорд во НФЛ го држеше тимот Вашингтон Командерс, кој пред три години достигна цена од 6,05 милијарди американски долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
