Ни Челси ни Јунајтед – Левандовски сака само во Реал Мадрид

Роберт Левандовски сака да си замине од Баерн Минхен, но само доколку негова следна дестинација биде Реал Мадрид. Ангажманот на менаџерот Пини Захави беше оценет како најава за барање за трансфер, но дел од медиумите посочија дека Челси има најголеми шанси да стигне до потписот на Левандовски, пред се поради блиските врски меѓу Захави и Роман Абрамович.

Сепак, последните информации велат дека самиот голгетер ја отфрлил оваа можност, експресно одбивајќи го интересот на Челси, но и на Манчестер јунајтед со кратка порака – негова желба е само Реал Мадрид. Ставот на полскиот ас е дециден, ако веќе си заминува од Баерн Минхен, тоа да биде во најтрофејниот европски клуб, како уште еден чекор напред во неговата кариера.

Ваквите информации се појавуваат во пресрет на полуфиналниот двомеч од ЛШ меѓу Баерн и Реал, а на потег ќе биде управата на баварскиот гигант, која веќе најави дека нема намера да му дозволи на својот најдобар стрелец да си замине од „Алијанц арена“. Официјалните разговори ќе се случат по завршувањето на сезонава, па интересно ќе биде да се види дали Захави и Левандовски ќе успеат да се изборат за трансфер крај досега цврстите ставови на Румениге и на Хенес.

Се вчитува...