Легендарниот шкотски тенисер, Енди Мареј смета дека Советот на АТП не функционира поради недостаток на образование во тениската заедница.
Замолен да ги сподели своите впечатоци за членството во советодавното тело на професионални тенисери, трикратниот шампион гранд-слем турнирите откри дека не му се допаѓал тој период.
38-годишникот тврди дека тој и неговите колеги никогаш не биле доволно стручни за да се справат со проблеми што бараат подлабоко разбирање на одредени области.
„Ние тенисерите го разбираме спортот што го играме, но не сме претерано интелигентни луѓе – барем повеќето од нас. Не можеме ни да се пофалиме со особено високо образование. А потоа, 10 од нас седат во соба и разговараат за работи за кои не знаеме многу, особено од деловна перспектива“, заклучи Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

