Нико Ковач го грабна пехарот: Ајнтрахт Франкфурт го освои Купот на Германија

Ајнтрахт Франкфурт го освои Купот на Германија, совладувајчи го фаворитот Баерн Минхен со 3-1 на Олимпискиот стадион во Берлин. Нико Ковач го освои трофејот со Ајнтрахт пред ова лето да се пресели токму на „Алијанц арена“ и да го преземе составот на Баерн Минхен.

Анте Ребиќ во 11.минута го постигна водечкиот гол за Ајнтрахт Франкфурт, а израмни Роберт Левандовски на стартот на второто полувреме. Но, сепак, Нико Ковач знаеше како да го надмудри стариот лисец Јуп Хејнкес.

Повторно Анте Ребиќ беше кобен за одбраната на баварскиот тим во 82.минута, а во последните мигови од мечот, кога сите фудбалери на противникот беа во противничкото поле, Мијат Гачиновиќ го постави конечниот епилог, 3-1 во корист на Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...