„Никогаш не помислив дека Хрватска може да биде толку лоша“

Тешкиот пораз на Хрватска од 0-7 против Англија на „Рујевица“ одекна низ фудбалскиот свет, а меѓу оние кои не ја поштедија хрватската репрезентација беше и поранешниот француски репрезентативец Франк Лебеф.

Светскиот шампион со Франција од 1998 година го коментираше натпреварот во студиото на ЕСПН и истакна дека е изненаден од разликата меѓу двете репрезентации.

„Многу ми е мило за Англија. Начинот на кој играа… Можеа да постигнат уште неколку гола. Беа совршени од првата до последната минута. Згрозен сум од Хрватска. Никогаш не помислив дека можат да бидат толку лоши“, изјави Лебеф. 

Се вчитува...