„Никогаш немало преговори за Клоп да го напушти Ливерпул“

Агентот на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, Марк Косик вели дека никогаш немало преговори за заминување на Германецот, од „Енфилд роуд“. „Црвените“ минатата сезона првпат во историјата ја освоија Премиер-лигата ќе имаат тешка задача до крајот да обезбедат место во Лигата на шампионите.

„Дали Јирген ќе продолжи со работата во Ливерпул? Апсолутно. Немаше никакви преговори за негово заминување“, истакна Косик. 

Клоп е во Ливерпул од 2015 година и со англискиот тим покрај титулата во Премиер-лигата се радуваше и на трофејот во Лигата на шампионите во 2019 година.

Се вчитува...