Никој како Меси: Стрелец против 14 различни репрезентации на светските првенства

Лео Меси имаше свој блесок во дресот на Аргентинаи на дуелот со Зеленортските острови, испишувајќи нови страници во историјата на фудбалските мундијали.

Делува неверојатно податокот, Меси во својата кариера постигнал погодоци на светските првенства против дури 14 различни ривали, нешто што му нема успеано на ниту еден друг фудбалер во историјата.

Србија и Црна Гора е првиот ривал против кого Меси ја затресол мрежата на СП, и тоа на неговото мундијалско деби во 2006 година.

Оттогаш, па се до денеска на листата на „пациенти“ на аргентинскиот „доктор по фудбал“ се најдоа и Холандија, Нигерија, Мексико, Иран, Јордан, Франција, Хрватска, БиХ, Австрија, Австралија, Саудиска Арабија, Алжир и сега…. Зеленортските острови.

Се вчитува...