Никој како Меси – урнат уште еден рекорд

Лионел Меси одигра само шеесетина минути на дуелот со Атлетик Билбао, но и тоа му беше сосема доволно за да урне уште еден клупски рекорд. Имено, асот на Барселона погоди од „скратен корнер“ за водство од 2-0, што беше негов 27. гол од слободен удар во дресот на каталонскиот гигант.

[youtube id=”y5HADIa1Ryw” width=”640″ height=”380″]

Со тоа, Меси го остави зад себе актуелниот стратег на Евертон, Роналд Куман, кој како играч на Барселона постигна 26 гола од слободен удар за каталонците.

[youtube id=”z5fR2bwqXYg” width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...