Ниту Интер ниту Манчестер Јунајтед немаат намера да го задржат Алексис Санчез. Италијанскиот клуб не сака да го откупи Чилеанецот кој дојде на едногодишна позајмица, но не успеа да се наметне во клубот.
31-годишнот Санчез многу веројатно ќе мора да тренира одвоено од играчите на Јунајтед кога ќе се врати во Англија по завршувањето на кризата со коронавирусот. Менаџерот Оле Гунар Солскјер ставрувал од негативното влијание што го има Санчез на одредена група играчи, а дополнителен проблем е лошата серија повреди. Алексис Санчез има уште две години од договорот со Манчестер Јуанјтед и неговата висока плата претставува огромен товар за клубот.
Според највите, Јунајтед би направил своевиден компромис со Санчез, би го пуштил да си оди, најверојатно во во јужноамерикански клуб, но со обврска да му го исплати и преостанатиот дел од платите. Сумата за ова се движи околу 55 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА