Никој не може против статистиката: Рангник е убедливо најслабиот тренер на Јунајтед!

Манчестер јунајтед продолжува со лошите резултати, па „црвените ѓаволи“ сега се многу поблиску да не играат Европа, одошто да обезбедат пласман Лига на шампиони следната сезона.

Челниците на Јунајтед веќе жалат што го избркаа Оле Гунар Солскјер, без оглед на кризниот момент, зашто подоброто решение кое е привремено до крајот на сезоната, Ралф Рангник не донесе ништо подобро!

Статистиката е поразителна за Германецот, па бројките велат дека досегашниот тек на работата на Рангник во Јунајтед е најслаб во историјата на клубот.

Според процентот на успешност, Рангник нема ни 50 отсто, нормално убедливо најдобар е човекот кој ги направи „црвените ѓаволи“ најтрофеен тим на Островот, сер Алекс Фергусон, а после неговото заминување, цела една деценија „ѓаволите“ не се конкурентни.

Се вчитува...