Никола Миротиќ ќе биде „бомбата“ на Партизан

Грчкиот кошаркарски новинар Сотирис Бетакис вели дека Миротиќ веќе ја прифатил понудата која не се одбива.

Таа покана, како што тврди овој колумнист на грчкиот портал „СДНА“, дошла директно од Жељко Обрадовиќ.

Штом најбараниот кошаркар во Европа ја заврши комплицираната процедура за раскинување на соработката со Барселона, ќе се пресели во таборот на шампионот на АБА лигата и ќе стане дел од црно-белите.

Оваа информација има смисла бидејќи некои шпански новинари неодамна објавија дека Кевин Пантер, меѓу другото, ја продолжил соработката со Партизан бидејќи знаел и дека Миротиќ ќе му биде соиграч во следната сезона.

Се вчитува...