Николов и Шишковски не успеаја со Борац да го освојат Суперкупот на БиХ

Македонските фудбалери Бобан Николов и Дамјан Шишковски не успеаја да стигнат до трофејот во Суперкупот на БиХ.

Во денешниот финален натпревар, нивниот Борац Бања Лука загуби од Зрињски со 0-1. Мечот го одлучи погодокот на Билбија во 82. минута од средбата, носејќи го трофејот за тимот од Мостар.

Во составот на Борац, Николов влезе во игра во 75. минута од средбата, Шишковски остана на клупата за резервни фудбалери, а Колумбиецот со македонски пасош Себастијан Херера го одигра целиот натпревар.

Се вчитува...