Николов: Одиме чекор по чекор, од меч на меч до главната цел

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Еден од клучните македонски фудбалери во средниот ред Бобан Николов во одлична форма настапува во дресот на унгарскиот Види во новата сезона. Сето тоа ветува квалитетно негово издание и на дуелот против Гибралтар на стартот од Лигата на нации, во очекување да се најде во почетниот состав на селекторот Игор Ангеловски.

„Одиме чекор по чекор во Лигата на нации, размислувајќи само од натпревар до натпревар па така да стигнеме и до крајната посакувана цел а тоа секако е прво место во групата во која се уште и Ерменија и Лихтенштајн“ – вели Николов по стартот на подготовките во Гибралтар и дополнува:

„Факт е дека ние ја носиме фаворитската улога но ниту еден противник не смее да се потцени. Гибралтар за првпат во историјата игра на свој терен, на своја територија, пред своите навивачи, и тоа сигурно ќе претставува голем мотив за нив. Секако, ние треба само да ја одиграме нашата игра и да дојдеме до планираните први три бода“.

Се вчитува...