Николов: По 40 дена заедно, на крај среќни сме што обезбедивме место во квалификациите за СП

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Словачка во последниот натпревар од претквалификациите за СП 2023, но како првопласирана во групата на крај обезбеди место во квалификацискиот циклус за место на Мундијалот.

Кристијан Николов не е задоволен од начинот на кој беа завршени претквалификациите во Скопје, но на крај најважно е што целта е остварена.

„За нас беше тежок меч, минавме 40 дена заедно, наша цел беше првото место и целта е остварена. Одиме понатаму, среќни сме. Не требаше да загубиме вака. Премногу бевме уморни. Мислам дека малку влеговме опуштено, но пак ќе повторам, целта е остварена. Одиме како први во квалификациите. Не влеговме во овој меч да го загубиме и не тактизиравме. Одиме понатаму како први, тоа ни е најважно“ – изјави Кристијан Николов по синоќешниот пораз од Словачка.

Се вчитува...