Нишино замина од клупата на Јапонија

Фудбалската федерација на Јапонија потврди дека досегашниот селектор на националниот тим, Акира Нишино, ја напушти функцијата по завршувањето на Светското првенство. Иако му беше понудена можност за продолжување на соработката, Нишино одлучи дека во моментот е најдобро да замине од оваа позиција.

„Не можеме да бараме од Нишино да остане наш селектор, но се надеваме дека ќе продолжи да му помага на јапонскиот фудбал на некој друг начин“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Јапонија, Козо Ташима, по враќањето на националниот тим од Русија.

Нишино ја презеде репрезентацијата на Јапонија во април оваа година, по заминувањето на Вахид Халилхоџиќ, кој имаше несогласувања со дел од фудбалерите.

 

Се вчитува...