По неизвесноста и одложувањето на официјалните обврски во видно напната атмосфера, мечот од Лигата на нации меѓу Република Ирска и Израел сепак ќе се одигра. Одлуката беше донесена по вонредното гласање на самите членови на репрезентацијата во хотелот.
Иако меѓу играчите постоеја спротивставени мислења, мнозинството гласаше за одигрување на натпреварот. Фудбалската асоцијација на Ирска потврди дека натпреварот ќе се одржи и во официјално соопштение нагласи дека ги почитува различните ставови на играчите и ја разбира исклучителната чувствителност на целата ситуација.
Драматичниот тек на настаните започна утрово во Дебрецен, каде што во недела треба да се одигра натпреварот против Израел. Планираната прес-конференција и тренингот на стадионот „Наѓердеи“ беа одложени бидејќи играчите одржаа приватен состанок за да разговараат за бојкот на натпреварот. Се шпекулираше дури и дека одреден член на репрезентацијата категорично одбил да настапи, додека претставниците на УЕФА со часови чекаа да се разреши ситуацијата.
Сепак, заканите за казни и финансиски санкции од УЕФА во случај на откажување се клучниот фактор Ирска да се појави утре на теренот во Дебрецин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
