Ниту 46 поени на Лука не помагаат против „терминаторот“ Каваи Ленард

„Мајсторката“ на четвртфиналната серија помеѓу Клиперс и Далас им припадна на домаќините откако составот од Ел-Еј го „торпедираше“ тимот на Лука Дончиќ со 20 постигнати тројки за победа од 126-111.

Далас го започна натпреварот на крилјата на Лука Дончиќ, а добрата партија на Словенцот продолжи и до полувремето, меѓутоа супер-ѕвездата ја немаше потребната поддршка од соиграчите. Клиперс го скришија отпорот на Мавс на крајот на третата четвртина, а фантастичната серија од 19-2 продолжи и во последните десет минути со што домаќините стигнаа на недостижна предност.

Каваи Ленард беше незапирлив кај домаќините со 28 поени, 10 скока, 9 асистенции и три украднеи топки, a блесна и Маркус Морис кој погоди седум тројки и мечот го заврши со 23 поени и 5 скока. Лука Дончиќ беше прво име во редовите на Маверикс со дабл-дабл од 46 поен и 14 асистенции надополнет со 7 скока.

Се вчитува...