Ниту „голот на сезоната“ на Јаремчук не беше доволен за прв триумн Украина во квалификациите за СП (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Украина и на четврти меч одигра нерешено во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022, откако попладневно ремизираше на гости кај Казахстан со 2-2.

Ниту можеби „голот на сезоната“ кој беше дело на Јаремчук уште во 2. минута не беше доволен за прв триумф на Украинците. Во 74. минута преку Валуин Казахстан израмни на 1-1. Во 94. ново водство за Украинците донесе Сикан и кога сите мислеа дека гостите ќе дојдат до полн плен, Валуин со својот втор гол ги постави конечните 2-2 во 96. минута.

 

 

 

Се вчитува...