Ниту Гвардиола, ниту Џерард, Германец ќе му биде тренер на Салах во Трабзон

Германецот Томас Рајс е нов тренер на екипата на Трабзонспор, објави потврди турскиот тим.

Рајс доаѓа на местото на Фатих Теке, кој си замина од функцијата по елиминацијата во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Иако се споменуваа звучни тренерски имиња како Хосеп Гвардиола, Стивен Џерард и Стефано Пиоли, управата на Трабзонспор за нов тренер го избра Рајс кој во сезоната 2024/25 го предводеше Самсунспор до третото место во турската Супер Лига. Во Германија, Рајс беше тренер на Бохум и Шалке.

Трабзонспор кој летово направи бум со ангажманот на Мохамед Салах, по пет кола во турскиот шампионат има седум освоени бодови и се наоѓа на деветтото место на табелата.

Дебито на клупата на Трабзонспор, Рајс би можел да го има претстојниот викенд и тоа против шампионот Галатасарај.

Се вчитува...