Ноќ за размени во НБА лигата – Дончиќ доби голема помош во Далас

Освен необичниот НБА драфт синоќа во најсилната светска кошаркарска лига беа реализирани три важни размени кои сериозно ќе влијаат на силата на екипите.

Најактивни беа од Филаделфија кои прво го испратија Ал Хорфорд во Оклахома за Дени Грин, а освен тоа го испратија во Оклахома првиот пик од рундата од 2025 година како и правата на Василије Мичиќ, српскиот плејмејкер кој игра за турски Ефес.

Но, тука не запреа. Па, во размена со Далас, Филаделфија го менуваше Џош Ричардсон за Сет Кари. На тој начин Кари ќе биде новиот шутер во редовите на Сиксерс, а Ричардсон е одличен играч во одбраната и во нападот кој ќе биде од огромна помош за Лука Дончиќ во организацијата на играта на Далас.

Во последната голема размена на вечерта, Минесота направи замена за Рики Рубио. Испрати Минесота пикови на драфтот во Оклахома, за да си го врати Рубио кој во овој клуб ги мина првите шест сезони од својата НБА кариера.

Помала размена реализираа и ЛА Клуперс кои 19-от пик на Бруклин го испратија во Детроит, во замена за шутерот Лук Кенард. Нетси го добија Лендри Шамет.

Се вчитува...