Норис стана сопственик на необичен рекорд во Ф1

Возачот на Мекларен Ландо Норис, имаше одлична трка за ГН во Бразил во Формула 1 и го освои второто место. Мекларен сега го изарамни рекордот по бројот на подиуми за возачи кои и натаму немаат победа.

Ландо оваа година дури седум пати беше на пиедесталот, а особено беше импресивен во вториот дел од сезоната.Во Бразил се проби од шестото на второто место.

„Бројот два очигледно е мојот максимум во моментов. Едноставно Ферстапен е недопирлив“, беше реакцијата на Норис по трката.

Ферстапен оваа сезона победи на 17 од 20 трка. На две најбрз беше Серхио Перез, додека на една Карлос Сајнц од Ферари.

Се вчитува...