Норвежанецот Јаков Ингебригтсен го освои златото на Светското првенство во Будимпешта. Во возбудлива трка на 5.000 метри, Норвежанецот истрча најдобар резултат оваа сезона – 13:11.30 минути.
На тој начин по вторпат дојде до светската шампионска титула во оваа дисциплина. Во возбудлив финиш во последните метри успеа да го престигне Шпанецот Мохамед Катир кој мораше да се задоволи со среброто. На целта стигна со време 13:11.40.
Третото место и бронзениот медал му припадна на Џејкоб Кроп од Кенија, кој истрча со време од 13:12.28 минути.
🔥”Tengo más 𝓡𝓐𝓑𝓘𝓐 de la que jamás he tenido” ¡¡Y LA HA SACADO!!
🥈Mo Katir subcampeón del mundo de 5000 metros con un mano a mano de infarto frente a Jakob Ingebrigtsen
👑El noruego se toma la revancha de los 1500m y revalida el oro de Eugenehttps://t.co/kMyjE0RXIN pic.twitter.com/hnQR3ztWIt
— Teledeporte (@teledeporte) August 27, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА