Нотингем Форест го закова Саутемптон на дното на Премиерлигата

Нотингем Форест стигна до значајни три бода во битката за опстанок во Премиерлигата откако во 35. коло славеше со 4-3 против „ферџијата“ Саутемптон.

Победата домаќините ја најавија уште од самиот старт кога во три минути Авонији постигна два гола, а откако Алцараз намали на 2-1 во 25. минута преку Гибс-Вајт Нотингем Форест поведе до 3-1 на полувремето. Лијанко намали на 3-2 во 51. минута, Данило во 73. минута одново донесе предност од два гола, а конечниот резултат 4-3 го постави Ворд-Праус со гол во 96. минута.

Со денешниот триумф Нотингем Форест се искачи на 16. позиција на табелата со 33 освоени бодови, три повеќе од „опасната зона“, додека Саутемптон останува закован на дното со 24 бодови.

Се вчитува...