Тотенхем имаше успешен летен преоден рок и доведе дури седум играчи за првиот тим. Сега клубот ќе се насочи во преговарање за нови договори со играчите од актуелниот состав, а прв приоритет за Жозе Мурињо ќе биде продолжување на договорот со Хјонг-Мин Сон.
28-годишниот фудбалер има клучна улога во тимот на Мурињо откако Португлецот го презеде составот. Во овој период Сон има постигнато 18 гола. Важноста на Сон за Тотенхем е повеќе од очигледна и во актуелнава сезона во која постигна осум гола на седум одиграни средби. Дополнително тој е многу значен за клубот и од лукративни причини. Сон е добар маркетиншки модел во Азија каде што важи за херој.
На крајот од оваа сезона, Сон ќе влезе во последните две години од актуелниот договор. Претседателот на клубот, Даниел Леви има правило според кое не дзволува играчите да влезат во последните две години од договорите затоа што така ризикува да ги загуби во слобдни трансфери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА