Нов гол – Несторовски го затресе и Карпи

Илија Несторовски зборовите дека сака да го предводи Палермо до камбек во Серија А ги претвора во дела откако Македонецот постигна уште еден значаен гол за сицилијанскиот клуб, овојпат на гостувањето против Карпи.

Само по десет минути игра резултатот на оваа средба беше отворен токму од Нестор-гол, кој одлично се снајде по центаршут од десната страна и со прецизен удар со глава го постигна својот петти погодок сезонава.

Се вчитува...